Хроника 23. јули 2019. / 10:53

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Мотоциклист беше повреден, кога со моторот се удруил во патнички автомобил на булевар во Скопје.

Имено, во понеделникот, околу 14.30 часот на бул.„8-ми Септември“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Ј.(42) од Скопје и патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(41) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот Б.Ј. и бил пренесен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.