Хроника 07. август 2018. / 10:43

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка на патот Кичево-Охрид

Во незгодата возачот на мотоциклот С.Д. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош од болницата „Свети Еразмо“ во Охрид бил пренесен во болницата „Аџибадем Систина“ во Скопје.

Вчера во 11.40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, пред с.Требеништа, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „кавасаки“ со скопски таблици управуван од С.Д. (36) од Скопје и возило „џип“ со скопски таблици управувано од П.Ј.(36) од Скопје.