Вчера во 13.30 часот на регионалниот пат Пробиштип-Крупиште, кај место викано „Лезовски Кантон“, дошло до судир помеѓу патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.А. (51) од Скопје, товарно возило „Мерцедес Спринтер“ со кочански регистарски ознаки, управувано од З.Т. (51) од Кочани и мотоцикл „Трува“, управуван од И.А. (27) од с.Горобинци, светиниколско.
Притоа, со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот И.А., кој по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување, додека сопатничката на мотоциклот С.И. (27) од Пробиштип поради сериозноста на повредите била препратена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде и биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Пробиштип. Во периодот од 14.05 до 15.45 часот, додека траел увидот, сообраќајот бил во прекин.