Хроника 31. јули 2018. / 10:39

Мотоциклист е тешко повреден откако се преврте со возилото

Мотоциклист е тешко повреден откако се преврте со возилото

На 30.07.2018 година околу 16:10 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип-Кочани кај с.Тркање, мотоцикл „Геелу“ со кочански регистерски таблици управувано од Т.Ц.(29) од с. Бели, се превртел и мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди.

По укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа во Кочани, поради сериозноста на повредите, истиот бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од страна на увидна екипа од Полициската станица Кочани и се работи на целосно расчистување на случајот.