Хроника 25. мај 2019. / 17:50

Момчето изгорено од струен удар пратено на лекување во Софија

Момчето изгорено од струен удар пратено на лекување во Софија

Министерството за здравство информира дека момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар, е испратено на лекување во најголемиот центар за изгореници на Балканот.

Како што се посочува, станува збор за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници. Обезбедено е санитетско возило од брзата помош и тргнати се во болницата Пирогов.

– Голема благодарност до колегите во Софија кои веднаш обезбедија место за понатамошно лекување на детето и му посакуваме побрзо закрепнување. – стои во соопштението.

Министерствата за здравство на Република Северна Македонија и на Република Бугарија во месец јануари 2019 година потпишаа Меморандум за соработка, а нашата држава има одлична соработка со болниците во Бугарија, наведуваат од Министерството за здравство.