Хроника 09. мај 2019. / 17:04

Момче прободено со нож донесено на Клиника во Скопје

Момче прободено со нож донесено на Клиника во Скопје

Момче се здобило со убодна рана по инцидент кој се случил пред угостителски објект во Скопје, информира МВР.

Вчера во 19:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на крстосницата од булеварите „Климент Охридски“ и „Партизански Одреди“ неколку лица физички ги нападнале 18-годишниот Д.Б. од село Агино село, кумановско и 18-годишниот Д.Д. село Јурумлери, скопско.

На Д.Б. со остар предмет му нанеле убодна рана и на него му е укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.