Хроника 20. септември 2018. / 19:27

Момче претепано на Бул:”Партизански Одреди” во Скопје

Момче претепано на Бул:”Партизански Одреди” во Скопје

Вчера во 13 часот во Полициската станица Карпош, А.С.(21) од Скопје, пријавил дека пред два дена околу 8 часот, движејќи се кон булеварот Партизански одреди, физички бил нападнат од лицето И.И. и неговиот татко Б.И. и уште четири непознати лица.

Од нападот А.С. изгубил свест, а откако дошол при свест отишол во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде му била укажана лекарска помош.