Хроника 30. април 2018. / 17:43

Момче почина на техно фестивал

Момче почина на техно фестивал

Неидентификувано момче под неразјаснети околности починало пред 2 дена фестивалот за електронска музика Green Love во Нови Сад.

Според неофицијални инфомации што ги пренесе Прва телевизија, момчето изгубило свест на забавата, а болничарите од Брза помош кои веднаш стигнале на местото на настанот само ја констатирале смртта.

Телото на момчето кое не беше идентификувано е предадено на обдукција, а прелиминарните резултати покажуваат дека нема видливи повреди, додека причината за смртта треба допрва да се утврди.