Хроника 29. октомври 2020. / 17:30

Момче од Скопје пријавило дека мајка му исчезнала

Момче од Скопје пријавило дека мајка му исчезнала

Деветнаесетгодишно момче од Скопје пријавило во полиција дека е исчезната неговата мајка.

На 28.10.2020 во 23.30 часот во Полициска станица Бит Пазар, Б.П.(19) од Скопје пријавил дека од дома се оддалечила неговата мајка Б.П.(38) – информираат од МВР.

Како што велат од полицијата, се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.