Денеска во Полициската станица Гази Баба, од СОС Детско Село било пријавено дека од установата се оддалечила М.С., нивна 16-годишна штитеничка која повеќе пати се оддалечувала од установата и била враќана од полицијата.
Вчера, пак, во истата станица, пријавено е дека од домот „Ранка Милановиќ“ самоволно се оддалечил Ф.К., нивен 17-годишен штитеник, кој повеќе од 10 пати се оддалечувал и бил враќан од полицијата.
Се преземаат мерки за пронаоѓање и на двете деца.