Хроника 22. јуни 2019. / 16:56

Младо момче загина во тешка сообраќајка на патот Делчево-Штип

Младо момче загина во тешка сообраќајка на патот Делчево-Штип

Дваесетиседумгодишно момче од кочанското село Тркање загина вчера во сообраќајна несреќа што се случи на магистралниот пат Делчево-Штип, кај место викано „База Гранит“.

Сообраќајката се случила кога камион, управуван од Ѓ.Г.(50) од Велес, се судрил со возилото на сега починатиот М.Ј.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кочани.