Младо момче од Арачиново вчера излета од патот Куманово-Скопје и со тешки повреди е префрлен во скопските Клиники.
Вчера околу 10.50 часот на патот Куманово – Скопје, на влез во село Љубодраг, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(22) од село Арачиново, скопско, излетало од коловозот. Б.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза’’ за укажуавање на лекарска помош, информираат од МВР
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.