Хроника 06. септември 2018. / 13:08

Млади скопјанки со автомобил се забија во семафор

Млади скопјанки со автомобил се забија во семафор

Вчера во 05.30 часот на крстосница од бул.„Илинден“ со ул. „Никола Тесла“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.З. (23) од Скопје, удрило во семафор и бетонска жардиниера.

Од ударот со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Н. (22) од Скопје, додека со телесни повреди се здобила Н.З.. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде има била укажана лекарска помош.