Среде бел ден, во текот на вчерашниот ден млад скопјанец на 24-годишна возраст бил претепан на Бит пазар.
Од МВР информираат дека вчера во 16:00 часот во СВР Скопје, Х.Џ.(24) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од едно лице.
Како што велат, се уште се работи на расчистување на случајот.