Хроника 16. февруари 2021. / 17:35

Млад работник загина, друг е тешко повреден при работна несреќа

Млад работник загина, друг е тешко повреден при работна несреќа

Вчера во 17.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 16.30 часот во фирма во тетовско Боговиње, при извршување работни задачи, вработениот Ј.С.(33) од Боговиње се здобил со повреди од кои починал на местото, додека С.И.(31), исто така, вработен во фирмата се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид и се преземаат мерки за документирање на случајот.