Хроника 02. јануари 2019. / 17:35

Млад прилепчанец пронајден мртов во својот дом

Млад прилепчанец пронајден мртов во својот дом

Младо момче било пронајдено починато во својот дом во Прилеп. Како што информираат од полиција, вчера во 14:50 часот Б.В. пријавила дека истиот ден околу 13:00 часот на улицата „Победа” во Прилеп, во неговиот дом бил пронајден починат 24-годишниот Ј.С. од Прилеп.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без траги на насилство. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото лице е предадено за обдукција.