Старица од Куманово синоќа во полиција пријавила обид за силување, информира министерството за внатрешни работи.
На 27.08.2020 во СВР Куманово 76 годишна жена од Куманово пријавила дека истиот ден околу 11,30 часот лице на возраст од 30 до 35 години се обидело да изврши полов напад врз неа, наведуваат од МВР во дневниот билтен.
Се работи на целосно расчистување на случајот.