Хроника 07. декември 2020. / 17:35

Мигранти од Либија пронајдени во камион во Тетово

Мигранти од Либија пронајдени во камион во Тетово
Илустрација

Oколу 09.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 08.30 часот во товарно возило – влекач со полуприколка, со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал и во кругот на Царинскиот терминал во Тетово го паркирал З.Д.(50) од Гевгелија, се наоѓаат мигранти.

На местото веднаш излегле полициски службеници од СВР Тетово и во возилото биле затекнати пет лица од Либија: Р.Б.(23), М.А.(22), Ј.Ш.(22), О.М.(22) и О.Б.(16), кои со себе немале никакви документи за идентификација.

Петмината мигранти биле приведени во Полициската станица Тетово и ќе бидат предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка, сооопшти полицијата.