Хроника 14. септември 2019. / 15:37

Мигранти бегале од полицијата кај Табановце

Мигранти бегале од полицијата кај Табановце

Вчера околу 11.30 часот на автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце“, во близина на обиколница село Табановце, полициски службеници забележале товарно возило „цитроен џампер“ со скопски регистарски ознаки, од кое излегле мигранти, кои заедно со возачот се вдале во бегство.

По преземени мерки, полициски службеници ги пронашле A.Х.(22) и А.А.(21), двајцата од Пакистан. А.Х. се здобил со повреда на нога додека бегал и му била укажана помош од екипа од Црвен крст, се вели во соопштение од полицијата.

Увид извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.