Хроника 14. март 2020. / 12:40

Мигрант качен на цистерка од товарен воз тешко повреден од струен удар

Мигрант качен на цистерка од товарен воз тешко повреден од струен удар

Вчера во 15.10 часот на Железничка станица Табановце на цистерна од товарен воз со тешки телесни повреди од струен удар се здобило едно лице – мигрант, кое било качено на цистерната.

Лицето било пренесено во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Во цистерната биле пронајдени и уште 10 лица – мигранти и истите се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.