Хроника 13. февруари 2019. / 22:20

Мицкоски: Со длабоко жалење ја примив страшната вест – сочувство до семејствата на загинатите

Мицкоски: Со длабоко жалење ја примив страшната вест – сочувство до семејствата на загинатите

Со длабоко жалење и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја прими страшната вест за автобуската несреќа и изрази сочуство до семејствата на жртвите.

– Со длабоко жалење и неверување ја примив страшната вест за автобуската сообраќајна несреќа.

Искрено сочувство до семејствата на оние кои ги загубија животите.

Нашите молитви се со семејствата на настраданите и повредените од оваа страотна несреќа.

ВМРО-ДПМНЕ со своите расположливи капацитети стои на располагање да помогне. – напиша Мицкоски на Фејсбук.