Клиентите и вработените во експозитурата на НЛБ Банката во Ѓорче Петров, што беше мета на вооружен грабеж, се безбедни и во добра здравствена состојба, информираат од банката.
Како што информираат од банката, поставените безбедносни и сигурносни мерки во работењето, со цел заштита на клиентите и вработените биле голема причина што крадците биле спречени да направат поголема материјална штета.
Во текот на истрагата е утврдено дека со грабежот се одземени 8.700 евра.
Експозитурата во Ѓорче Петров ќе продолжи со редовно работно време од понеделник 20.01.2020година.
НЛБ Банка и понатаму соработува со надлежните институции со цел случајот да добие ефикасно разрешување.