Доцна синоќа половина час после полноќ се случила сообраќајна несреќа, во која возило излета од пат, при што едно лице е тешко повредено, информира МВР.
На 20.08.2020 во 00.30 часот било пријавено дека на бул.„Србија” во Скопје, патничко возило „мерцедес 124″, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Л.(23) од Скопје, излетало од коловозот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.Л.(20) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”- наведува МВР во дневниот билтен.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.