Три автомобили марка: Мерцедес, БМВ и Порше, за кои вчера полицијата информираше дека се украдени од автосалон во Скопје, биле пронајдени во Гостивар.
Според првичните сознанија, возилата биле пронајдени на различни локации во Гостивар, а едното од нив (мерцедес) на паркиг близу гостиварската автобуска станица.
За сега нема информации околу фатени осомничени сторители на кражбата. Се очекува МВР да соопшти повеќе информации во врска со случајот.