Едно лице загинало во сообраќајна незгода што утринава се случила на автопатот Велес – Скопје пред тунелот кај Катланово, а уште едно лице е повредено, потврдија за „360 степени“ од СВР-Велес.
Мажот кој загинал бил на околу 60-годишна возраст, а неговата 89-годишна мајка била повредена во сообраќајна несреќа која се случила претпладнево околу 10:30 часот.
Во незгодата учествувало едно патничко возило, а во моментов се врши увид на местото на несреќата.