Хроника 15. јуни 2018. / 14:00

Маж тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Маж тешко повреден во сообраќајка во Скопје

На улица Перо Наков во Скопје, вчера во 11.23 часот, дошло до судир помеѓу товарно возило „мерцедес“ со скопски таблици, управувано од З.З.(39) од Скопје и возило „пежо 206“ со скопски таблици, управувано од Ј.К.(62) од Скопје.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Ј.К., кој бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на лекување.