Хроника 16. декември 2018. / 11:10

Маж тешко повреден – со џип излетал од патот во неготинско

Маж тешко повреден – со џип излетал од патот во неготинско

На локалниот пат во село Курија, неготинско, вчера во 13:50 часот Р.Т.(31) од село Тимјаник, неготинско управувајќи патничко моторно возило „Опел фронтера“ со неготински регистарски ознаки излетал од патот.

Во незгодата Р.Т. се здобил со тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.