Вчера во 07 часот и 30 минути било пријавено дека на локалниот пат кај селото Црвивци-кичевско мопед “Јонвеи“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од С.А.(43) од село Зајас-кичевско, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Спорд пријавеното возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево.