Хроника 30. мај 2018. / 11:40

Маж се бори за живот: Излетал од патот Охрид-Кичево

Маж се бори за живот: Излетал од патот Охрид-Кичево

Вчера околу 16,30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај село Издеглавје, патничко моторно возило „Фиат“ со гостиварски регистерски таблици управувано од 58-годишниот Р.А. од Гостивар, излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот кој бил пренесен во Општата болница во Охрид и истиот бил во животна опасност.

На местото на настанот извршен бил увид од страна на увидна екипа од Полициската станица Охрид. Се работи на целосно расчистување на случајот.