Хроника 17. јуни 2020. / 17:30

Маж претепал малотник зашто се расправал со син му

Маж претепал малотник зашто се расправал со син му

Момче на возраст од 14 години синоќа било физички нападнато од возрасен маж во паркот во населбата Ѓорче Петров.

Според пријавеното во полиција, причината за нападот било претходно недоразбирање и расправија меѓу нападнатиот малолетник и синот на напаѓачот.

Момчето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била констатирана тешка телесна повреда.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.