Хроника 20. јануари 2021. / 08:53

Маж на 62-годишна возраст пронајден мртов во својот дом

Маж на 62-годишна возраст пронајден мртов во својот дом

МВР соопшти дека 62-годишник од Скопје бил пронајден починат во неговиот дом во Скопје.

Според информациите од полицијата, на 18.01.2021 во 16:45 во МВР Скопје било пријавено дека во сопствениот дом бил пронајден починат П.С.(62) од Скопје.

-Засега не се познати причините за настапување на смртта, велат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција во Институтот за судска медицина.