Дваесет и едногодишно лице од селото Сенокосе, општина Врапчиште било приведено во полициска станица откако фрлало камења кон полицајци и упатувало закани, соопшти МВР.
Вчера попладне во Полициското одделение Галате, Х.А. (45) од Сенокосе пријавила дека од страна на нејзиниот син А.А. (21) и била нанесена повреда. „Полициски службеници излегле на местото на настанот и во дворот од семејната куќа ги затекнале пријавителката и нејзиниот сопруг како разговарале со друго лице во врска со настанот. Потоа А.А. почнал да ги навредува со погрдни зборови полициските службеници и неговите родители, а во еден момент почнал да фрла со камења кон нив. Од нивна страна А.А. бил предупреден да престане, но истиот продолжил и се заканувал дека ќе фрли бомба по што бил приведен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, информира МВР.