Во контрола на Охридското езеро од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор, во една вечер откриени се три локации каде се пронајдени повеќе рибарски мрежи и уловена риба.
-Во периодот од 21.00 часот на 15.05.2020 до 04.00 часот на 16.05.2020, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, во водите на Охридското езеро, на околу 200 метри од брегот на езерото, спроти хотел „Метропол“, на околу 20 метри од брегот на езерото, спроти АК„Извиднички“ и на околу 10 метри од брегот на езерото, спроти плажа „Версус“, наведуваат од полицијата.
Риболовниот алат и рибата биле подигнати од водите на езерото и биле однесени во Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Владата во јануари годинава донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука е поради утврдените нерегуларности од страна на надлежните институции во работата на сегашниот концесионер.