Машки труп е пронајден во водите на реката Вардар, кај вливот на Бабуна, во близина на дирекцијата на Агриа кај Велес. Трупот кој пловел по реката го забележале рибари денеска околу 13:15 часот, во близина на фабриката за крзно „Димко Митрев“, но не успеале да го извадат. Тие пријавиле на полиција, а неколку минути подоцна, трупот е изваден од водата, кај вливот на Бабуна во Вардар.
Во акцијата на вадење на трупот денеска учествуваше тимот за одговор при катастрофи на Црвениот крст, со помош на полицијата и велешката противпожарна бригада.