Хроника 05. April 2019. / 14:58

Марихуана, катран, старо оружје и монети биле пронајдени вчера во куќа во Гевгелија

Марихуана, катран, старо оружје и монети биле пронајдени вчера во куќа во Гевгелија

Марихуана, катран, старо оружје и монети биле пронајдени вчера во куќа во Гевгелија.

Марихуана, катран, старо оружје и монети биле пронајдени вчера во куќа во Гевгелија.

Според полицијата, во претресот кој бил извршен во домот на Б.Т.(32) од Гевгелија, биле пронајдени и одземени марихуана, старо оружје, катран, боева мина, куршуми, стари монети и други предмети.

Поради сомнение за сторени кривични дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје, биле уапсени Б.Т., како и Б.П.(19), В.П.(55) од Гевгелија и Д.Г.(23) од селото Миравци, кои биле затекнати во станот.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесенакривична  пријава.