Новинарот Саше Ивановски-Политико и неговата сопруга Марина, имаа расправија, која заврши крваво.
Политико кажа дека тој бил нападнат од сопругата со тап нож, а за жал во целата ситуација сведок било нивното детенце.
-За жал целиот настан го гледаше нашето синче кое беше избезумено и потоа им раскажа на полицајците, им рече, мама го исече тато, на што јас кога го слушнав тоа негово сведочење мислам дека ќе се онесвестев од жал за тоа што ова детенце мораше да гледа сирото тоа ангелче мое најсакано… – напиша Саше.
Од друга страна пак Марина тврди дека новианрот бил виновен за цела ситуација, па очекува полицијата да го разреши случајот.