Хроника 01. февруари 2019. / 17:06

Малолетник со импровизиран пиштол ранил соученик

Малолетник со импровизиран пиштол ранил соученик

Во средното училиште ОЕМУЦ „Св.Климент Охридски“ во Охрид, за време на големиот одмор, по претходна расправија, ученикот Б.З. (17) извадил импровизиран пиштол и пукал кон А.И. (16), при што му нанел телесна повреда на А.И. во пределот на раката, по што си пукал во пределот на главата.

Б.З. се здобил со повреди и бил пренесен во болницата во Охрид. Се работи на расчистување на случајот.