Момче на возраст од 17 години е прободено со остар предмет во парк во Драчево.
Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот со малолетникот.
„Синоќа во 01.15 часот С.Ѓ.(28) од Скопје пријавил дека завчера околу 23.40 часот во парк во населбата Драчево, неговиот 17-годишен внук бил физички нападнат од две лица, од кои едното од нив употребило остар предмет, нанесувајќи му убодна рана во пределот на ногата“, нформира МВР.