Синоќа вo 20:00 часот на крстосница од бул.„Никола Карев“ и ул.„ 362“ се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило Volkswagen Golf, со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Т од Скопје , а управувано од засега непознато машко лице, удрило во Л.А (13) од Скопје.
Возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
По незгодата, Л.А. се упатил во неговиот дом, а потоа негов роднина го однел во Градска општа болница ,,Свети Наум Охридски“ каде му се констатирани повреди, а по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.За сообраќајната незгода известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот