Хроника 07. декември 2018. / 16:14

Малолетници уценија жена дека ќе објават фотографија на Фејсбук – таа им дала 360 илјади денари

Малолетници уценија жена дека ќе објават фотографија на Фејсбук – таа им дала 360 илјади денари

Секторот за внатрешни рабооти Куманово поднесе кривична пријава против двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години од кумановското село Отља, и уште еден 16 годишен малолетник од село Слупчане, кумановско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“ во врска со кривично дело „соучесништво“.

Од МВР соопштија дека во периодот од јули до септември 2018 година пријавените преку комуникација на социјална мрежа со закана дека ќе објават фотографии со невистинита содржина, оштетената ја принудиле да им даде поголема сума на парични средства, со што се стекнале со противправна имотна корист од 360.000 денари.