Хроника 28. јануари 2020. / 18:52

Малолетничка донесена на Клиника со прострелна рана во главата!

Малолетничка донесена на Клиника со прострелна рана во главата!

15-годишно девојче вчера било донесено во болница со прострелна рана во главата кога претходно во семејниот дом ја пронашол брат ѝ.

Како што информира полицијата, вчера во 14.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во комплексот клиники „Мајка Тереза“ било донесено малолетно женско лице со повреда на главата од огнено оружје.

Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за 15-годишно девојче, кое во семејната куќа во Скопје било пронајдено од нејзиниот 18-годишен брат со прострелна рана, а во нејзина близина имало пиштол „црвена застава“, сопственост на татко ѝ, кој го поседувал со дозвола.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, информира полицијата.