Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа која се случи кај клучката во Белград на патот за Добановци. Се судриле автомобил и камион кој бил во конвој под полициска придружба, пренесува „Курир.рс“
Во сударот учествувале четири камиони од конвојот меѓу кои бил и возач од Полска за кој се сомневаат дека ја предизвикал несреќата.
Камионите кои минуваат низ Србија поради состојбата со вирусот не смеат да застануваат каде што сакаат туку само на одредени места.