Хроника 15. февруари 2020. / 16:01

Македонски борач е убиен при грабежот во казино

Македонски борач е убиен при грабежот во казино

Македонскиот борач Буњамин Нуиши е жртва при грабеж на казино која се случи во Блаце синоќа. Информациите ги потврдија од неговиот клуб Тефејуз, каде што Нуиши бил член и еден од најдобрите борачи во клубот.

При престрелката, Нуиши бил на должност во казиното каде што работел како обезбедување, а животот го загубил откако им подлегнал на повредите на главата, здобиени од удари со кундак. Надлежните органи веќе започнаа истрага за расветлување на случајот, а покрај дваесетгодишниот Нуиши, жртва при грабежот е и Б. Х. од Косово.