Хроника 27. March 2019. / 12:03

Македонката од Австралија која ја уби мајка си доби доживотен затвор

Македонката од Австралија која ја уби мајка си доби доживотен затвор

22 годишната Македонка, Симона Зафировска, е осудена на доживотен затвор за сурово убиство на нејзината мајка Радица Зафировска, која ја уби со повеќе удари во главата додека таа спиеше во 2016.

Убиството се случило во 2016 година, но при првото сослушување, Симона успеала кусо да ја залаже полицијата со приказна дека крадци ги нападнале ноќта, дури лажирала и кражба во домот, а потоа се дознала вистината.

Симона е посвоена од страна на Радица пред дваесетина години во Македонија, а потоа ја однела заедно со неа во Австралија, каде живееле заедно сѐ до убиството.

Од Судот со доживотна казна. Ја прашаа како можела да спие после убиството, ако знаела дека и нанела смртоносни удари на нејзината мајка додека и таа спиела, ѝ го скршила черепот и предизвикала крварење во мозокот.