Хроника 14. февруари 2019. / 07:15

Македонија во црно: Бројот на жртви во ужасната несреќа се зголеми

Македонија во црно: Бројот на жртви во ужасната несреќа се зголеми

Бројот на жртви во страшната автобуска несреќа која ја потресе Македонија официјално се зголеми на 15.

Согласно со одлуката на Владата 14 и 15 февруари ќе бидат денови на жалост во знак на почит кон загинатите патници во автобусот кој доцна попладнето се преврти на автопатот Скопје-Тетово.

Премиерот Зран Заев вечерва соопшти дека 6 лица починале во ГОБ „8 Септември“, едно во „Свети Наум Охридски“ и 7 на самото место на несреќата.

– Две лица биле пренесени во Тетово и се во добра состојба, едно лице од Гостивар е на домашно лекување, 8 лица во „Мајка Тереза“, од кои три со сериозни повреди. – соопшто премиерот.

Поради оваа трагедија многу настани за Св. Трифун и за Св. Валентајн се откажуваат.