Хроника 03. март 2019. / 12:39

Македонец и Украинка фатени хероин во Белград

Македонец и Украинка фатени хероин во Белград

Српската полиција во Белград уапсила Украинка и државјанин на Република Северна Македонија, кај кои биле пронајдени над четири килограми хероин.

Станува збор за С.Х. (54) и Н.Ш (33) од Украина кои се уапсени под соменение дека извршиле кривично дело неовластено производство и ставање во промет опојни дроги.

Како што соопштува српското МВР, хероинот бил скриен во внатрешниот дел од алуминумските фелни на возило „ауди а6″ со романски регистарски ознаки со кој се возеле осомничените.

На осомничените им е одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе бидат изведени пред Вишо јавно обвинителство во Белград