На 30.01.2019 жена од кумановско село пријавила дека била повикана од страна на класната раководителка и директор на основно училиште каде учи нејзината ќерка.
На средбата пред неа биле покажани слики на мобилен телефон со вулгарна содржина во врска со нејзината малолетна ќерка, кои биле препраќани меѓу учениците.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.