Хроника 31. август 2018. / 19:17

Мајка на две деца убиена во Велгошти

Мајка на две деца убиена во Велгошти

Според првичните информации, станува збор за мајка на две деца, на возраст од околу 40 години, која била брутално убиена во нејзиниот дом.

Денеска, по 17 часот се случило убиство во охридското село Велгошти, јавуваат локалните медиуми.

Веста ја потресе охридската јавност, особено што, според првичните информации, станува збор за мајка на две деца, на возраст од околу 40 години, која била брутално убиена во нејзиниот дом.

Наскоро се очекуваат детали за убиството. Мотивите се уште не се познати.