Хроника 13. април 2018. / 13:54

Луд свет: Ја фрлил ќерката од колибата бидејќи соседите „навивале да ја фрли“! (ФОТО)

Луд свет: Ја фрлил ќерката од колибата бидејќи соседите „навивале да ја фрли“! (ФОТО)

“Тоа го направи за да го спречи тимот за рушење да ја уништи колибата”, рекол портпаролот на полицијата

Јужноафриканец е обвинет за обид за убиство откако ја фрлил својата 6.месечна ќерка од врвот на колиба во илегален дел од градот, за да спречи рушење.
38-годишниот маж го понел бебето на кровот на својот дом во знак на протест против булдожерите кои дошле да рушат, во градот Квадвеси во Јужна Африка. Шест полицајци се построиле пред куќата, додека еден од нив се качил на кровот за да се обиде да разговара со него. Човекот го држел бебето за нога над провалија, пред да го фрли.

Како што пишува “Daily Mail”, во позадина насобраните граѓани скандирале “фрли ја, фрли ја”. На фотографиите се гледа полицаец на кровот кој се обидува да го зграби таткото пред да го фрли бебето. За среќа, полицајците на земја го фатиле бебето, кое останало неповредено. Таткото потоа бил уапсен и обвинет за обид за убиство.
Драмата се одиграла на кровот на илегално изградена колиба, а полицијата требало да го обезбедува тимот за рушење, додека протестирале околу 150 луѓе, фрлале камења и палеле гуми. Кога бил воспоставен ред, таткото се качил на кров со детето и барал да се прекине рушењето.

Преговарачите не успеале да го убедат да не го прави тоа, па полицијата тргнала во акција за спасување.

“Тоа го направи за да го спречи тимот за рушење да ја уништи колибата”, рекол портпаролот на полицијата. Како што истакнал, бебето било вратено кај мајката, а нивниот случај го истражуваат социјалните служби, за да се осигураат во безбедноста на детето.

Тимот за рушење потоа продолжил со акцијата и уништил 90 градби кои биле илегално направени на ничија земја.