29-годишен штипјанец со иницијали И.В. бил повреден во потколеницата откако ловџија испукал куршуми кон него, мислејќи дека има волци.
-На 12.01.2019 година во 13,00 часот било пријавено дека во атар на с.Негорци-гевгелиско на место викано „Смрекова чука“, К.К. (52) од с.Негорци, додека се враќал кон неговиот имот со козите се посомневал дека во близина има волци и испукал од ловечка пушка, што ја поседувал со дозвола. Потоа К.К., според негово кажување, се упатил кон местото и го нашол И.В. (29) од Штип со повреди во потколениците. Потоа К.К. со свое возило го однел И.В. во Општата болница во Гевгелија. Известен е јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот, соопштија од МВР.